Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги коментираше последните настани на Косово.
– ,,Новото заострување што изби во покраината убедливо покажува дека отстапувањето од сегашната регулаторна рамка за Косово само ги провоцира приштинските екстремисти. Ситуацијата не е далеку од вистински конфликт од големи размери” – рече Захарова одговарајќи на прашањето на медиумите за Косово.
Да потсетиме, синоќа се појави вест дека рафали се слушнале на северот на Косово, а денеска војската на Србија стационираше неколку топови и далечни хаубици во близина на административниот премин Јариње, односно границата со Косово.