септември 20, 2024

Тајван го продолжува времетраењето на задолжителна воена служба од четири месеци на една година, изјави денеска тајванската претседателка Цаи Инг-вен.

Според неа, одлуката е диктирана од зголемените закани од Кина.

„Сегашниот рок од четири месеци воен рок не е доволен“ имајќи предвид дека ситуацијата постојано се менува, истакна таа.

Нејзиниот Кабинет претходно соопшти дека претседателката ќе свика состанок посветен на безбедносните прашања.

Тајван постепено се движи кон трансформирање на својата регрутна војска во професионална, но начинот на кој се развиваат односите на самоуправниот остров со Кина и упадот на руските сили во Украина, предизвикаа дебата за тоа како да се зајакне одбраната на Тајван.

Кина го смета Тајван за своја територија, а Тајпеј ги отфрла претензиите на Пекинг.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK