Фудбалерите на Реал Мадрид славеа во дуелот со Севилја со 1:0. Единствениот гол во 81.минута го постигна Лука Модриќ. Ветеранот брилијантно пласираше од 18 метри, но овој гол ќе отвори нови дебати во шпанската јавност.
Карло Анчелоти за овој натпревар не можеше да смета на некои клучни играчи, бидејќи Дани Карвахал и Едуардо Камавинга беа суспендирани, Џуд Белингам и Хоселу се уште се повредени, заедно играчите кои речиси од старто на сезоната не се во тимот: Тибо Куртоа, Давид Алаба, Едер Милито.
Реал Мадрид во првото полувреме не се закани сериозно кон голот на Ниланд. Лукас Васкез постигна гол, но тој беше оправдано поништен бидејќи Начо на стартот од акцијата го фаулираше Ен Несири, па ВАР го поништи голот на Реал Мадрид.
Како одминуваше времето, Реал ги притискаше Андалузијците, на почетокот на вториот дел Валверде ја погоди стативата по одбиената топка на Брахим Дијаз.
Севилја возврати, во 52. минута по центаршутот на Окампос, Ромеро шутираше топката сите ја видоа во голот, но Лунин мајсторски интервенираше.
Во 56. минута Винисиус шутираше, Ниланд беше феноменален, исто како и во 70. кога се обиде Родриго.
Клучниот момент се случи во 81.минута кога Модриќ го совлада Ниланд.
Голот уште еднаш покажа каков мајстор е Модриќ, но истиот ќе предизвика дебати во Шпаниај, бидејќи при центаршутот кој му претходеше на голот, Антонио Ридигер беше во чист офсајд, веднаш до Баде, кој скокна и со глава ја одби топката до Модриќ.
За потсетување, неодамна во Ла Лига притив Атлетико и во Лигата на шампионите во Лајпциг ваквите одлуки одеа во корист на Реал, односни тие голови беа поништени поради „пасивен“ офсајд.
The post (Видео) Мајсторски гол на Модриќ за победа на Реал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде