декември 23, 2024

Таравари посочи дека предлогот да се воведе позиција заменик претседател на државата не е негов туку на Али Ахмети и ДУИ

Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, рече дека изборот за претседател на државата во Собрание не е услов за формирање идна владина коалиција туку предлог, идеја која треба да се дискутира и да се отвори поширока општествена дебата.

Во гостувањето на Дневникот на Сител, Таравари посочи дека предлогот да се воведе позиција заменик претседател на државата не е негов туку на Али Ахмети и ДУИ. Во однос на предлогот за избор на шеф на државата во Собранието, Таравари посочи на примерот со изборот на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигооров во Парламентот, за што смета дека е порационален начин на избор и поекономичен.

„Идејата наша не беше да се условува. Јас не кажав двотретинско мнозинство кажав обично мнозинство со 61 глас. Но сериозно треба да размислиме за ова. Претседателот на државата во Македонија нема некои ингеренции повеќе отколку во други држави слични како Македонија и во кои претседателот се избира во Парламентот. Зошто не би размислувале и зошто не би отвориле една дебата меѓу нас. Многу работи има кои не функционираат во државата. Ние сите сме свесни дека не оди како што треба. Многу работи за кои имаме спротиставени мислења, добро е низ дебати да ги дискутираме помеѓу нас, повторно тоа што е најдобро за граѓаните, за државата…така би одлучиле. Ова не е условување од мене како претседателски кандидат туку идеја која што ја предлагам и барам, и сакам да отвориме дебата меѓу кандидатите, меѓутоа и другите политички партии“,

изјави Таравари.

Тој потенцираше дека не рекол оти тоа е услов за формирање идна владина коалиција. Таравари смета дека тоа што најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со предлогот претеседателот да се бира во Собрание, се должи на емотивна реакција.

„Јас мислам дека ова е повеќе емотивна, афективна реакција отколку што е рационално расудување од поголемите партии од македонскиот блок. Мислам дека оваа тема треба да се разговара и меѓу експертите и да се отвори една поширока општествена дебата и да дојдеме до тоа што е подобро за граѓаните и државата“,

рече Таравари.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK