септември 20, 2024

Јужните делови на Австралија го бележат првиот топлотен бран годинава. Како што пренесува „Гардијан“, во Аделаида температурата во текот на ноќта била 27,4 степени Целзиусови, додека Викторија ја бележи најжешката ноќ во последните четири години.

Во Аделаида уште изутрината температура достигна 38 степени.

Издадени се предупредувања за топлотен бран за Јужна Австралија, Викторија, Тасманија, Нов Јужен Велс и изолирани делови од Западна Австралија. Се очекуваат температури од 8 до 16 степени над просекот.

Додека северно и западно од Мелбурн и Викторија во текот на денот највисоките температури се очекуваат да бидат помеѓу 37 и 41 степен, метеоролозите предвидуваат промена на временските прилики и дожд со налетни на ветерот до 90 километри на час.

Силниот ветер и силните грмотевици може да претставуваат опасност за локалните жители, предупредија локалните синоптичари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK