Францускиот фудбалер Пол Погба (30) е суспендиран на четири години поради допинг, пренесува италијанска „Република“. Погба падна на допинг тестот на 20 август 2023 година, по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе, во првото коло од Серија А.
Погба, по тој натпревар беше случајно избран од луѓето од Антидопинг агенцијата и покрај тоа што целиот натпревр го гледаше од клупата за резерви.
Во урината на францускиот фудбалер е пронајден дехидроепиандростерон (ДХЕА), кој со години е забранет во спортот, а најчесто го користат бодибилдерите, за зголемување на мускулната маса. Зошто Погба го користел и дали е „фатен“ кога тоа прв пат го направил, се уште на никого не му е јасно.
Според последните информации, Антидопинг агенцијата го суспендира Погба на четири години, со што практично ја заврши кариерата на светскиот шампион.
Во моментот кога ќе истече казната, Погба ќе има дури 34 години и четири години без натпревари, па оваа казна веројатно ќе стави крај на неговата кариера.
Пол Погба во кариерата настапуваше само за два клуба, Јувентус и Манчестер јунајтед. Со Франција во 2018 година ја освои титулата на Светското првенство во Русија.
The post Погба доби четири годишна суспензија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде