Готови документи се заглавени во лавиринтите на МВР, а поднесени се 50 претставки до Народниот правобранител.
„Многу лични документи кои се обработени и подготвени за доставување се заглавени во лавиринтите на МВР и не можат да се најдат“, изјави народниот правобранител Насер Зибери.
Тој вели дека и неговиот тим оди за да му помогне на МВР за пронаоѓање на готовите документи. Покрај неможноста за подигање на документите, претставки има и за неможноста да се закаже термин, но и за покривање на трошоците за важечките документи.
Друг проблем што го спомна Зибери се и адолесцентите кои ќе полнат 18 години пред изборите и не можат да извадат лична карта за да излезат на гласање. Се пожали дека МВР не го спроведува членот 7 од законот за лични карти каде се вели дека на лицата над 65 години треба да им се издаде лична карта на неограничено.
Инаку, техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека 100.000 граѓани нема да можат да гласаат на изборите поради немање на нови документи.
Следете не, не има насекаде