Државниот обвинител Љупчо Коцевски во првото телевизско интервју, во ТОП Тема на Телма наведе дека во обвинителската кариера истражувал многу злосторства, но како убиството на Вања Ѓорчевска нема видено.
„Во моето долгогодишно искуство, може да кажам дека сум имал 50/60 случаи вакви, за жал, меѓутоа тука се работи за специфично грозоморно убиство, рече Коцевски кој потенцираше дека нема такво искуство.
Коцевски во интервјуто наведе дека очекува скора екстрадиција на Палчевски и оцени дека има многу докази во истрагата за тоа како што вели грозоморно злосторство. Со истрагата се опфатени 5 лица кои се осомничени.
„Обезбедени се доказите, имаше и обдукција, сето тоа оди во корист на фактичката состојба што обвинителството ја утврдува, чекаме екстрадиција во однос на лицето што го спомнавте, Палчо, и јас мислам дека ќе биде брзо екстрадиран од Република Турција. Нашата работа е завршена, останува само екстрадицијата“, изјави државниот обвинител Коцевски во Топ Тема на Телма.
Следете не, не има насекаде