Претседателот Стево Пендаровски ја објави кандидатурата за нов мандат на претстојните претседателски избори.
Пребарај..
МАКФАКС
МАКФАКС
МАКЕДОНИЈАПендаровски ја објави кандидатурата за нов мандат: „Не ме контролира никој, ниту ги диригира моите одлуки“Објавено пред 10 часа – 1 март, 2024Од Елена Тарчуговска
Претседателот Стево Пендаровски ја објави кандидатурата за нов мандат на претстојните претседателски избори.
dobivaj vesti na viber
Пендаровски рече дека во изминатиот период добил поддршка од граѓани, јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе што го познаваат и не го познаваат и на сите нив им се заблагодари за поддршката и довербата.
Пендаровски очекува на 3 март СДСМ да ја формализира поддршката за неговата кандидатура, а од понеделник ќе разговара и со десетте партии од таа коалиција, кои најавија дека ќе го поддржат во трката за претседател. Претседателот ги повика граѓаните од 3 март да го поддржат со собирање потписи.
„Зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка, без корупциска афера и случај на непотизам поврзан со мене, моето семејство, моите роднини и соработници. Ги предводев преговорите за членството во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на алијансата, а во вториот ќе станеме членка на ЕУ“, рече Пендаровски.
Како што додаде, не постои случај кога етничкото потекло било причина некого да деградира, а потврда во таа насока е и структурата во неговиот кабинет.
„Покажав дека претседателот може да биде независен од кои било центри на политичка моќ, вклучително и оние што го поддржале на избори. Никој не ме контролира или не ги диригира моите одлуки“, рече Пендаровски
Претседателот говореше и за договорите со Грција и Бугарија, како и за рамковниот договор. Во таа насока рече дека постојат политички кандидати, кои најавуваат ревизија или поништување на рамковниот, преспанскиот или договорот со Бугарија.
„Рамковниот ја исполни својата историска улога и не ја поткопа внатрешната кохезија. Најмногу поради него станавме кандидат за членка во ЕУ. Договорот со Грција го овозможи членството во НАТО (…), а со Бугарија не беше спорен цели три години. Истиот тој договор стана проблем кога Бугарија под својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои во самиот договор ги нема“, рече Пендаровски.
Според него, тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка со ЕУ и ќе направи подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана, исто како и идејата дека договорот со Бугарија ќе го почитуваат, но ќе бараат од Софија да го промени Уставот
Следете не, не има насекаде