Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, очекува Љупчо Палевски од Турција да биде екстрадиран веднаш по завршување на административните процедури.
„Се очекува Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните процедури“, прецизира Аврамовска-Мадиќ.
„Министерот за правда беше во посета на својот колега во Турција и, како што беше информирана јавноста од Министерството за правда, судската постапка е завршена, се чекаат административните документи да се завршат и очекуваме дека Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран“, дополни таа.
Министерот за правда Кренар Лога и неговиот турски колега Јилмаз Тунч минатиот месец остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, при што Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и дека се очекува да завршат и административните процедури.
<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250