ноември 22, 2024

Нема простор за на кривично гонење против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа наши државјани, познат како „Виа Комерц“.

Русковска го отвори случајот по пријава од група граѓани бидејќи Министерот за внатрешни работи со месеци не го потпишувал решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, каде последен технички преглед имал автобусот на „Беса транс“ во којшто во Бугарија изгореа 45 патници.

Всушност решеението Спасовски го потпишал три дена по автобуската несреќа на 26 ноември 2021 година, иако неправилности во работата на станицата биле откриени уште во август 2021 година.

Денеска на брифинг со новинарите, обвинителката Катерина Коларевиќ истакна дека е донесена јавнообвинителска одлука, поточно резолуција со која се утврдува дека нема простор за преземање на кривично гонење против поранешниот министер Спасовски.

– Предметот е отворен врз основа на анонимна пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, со објаснување дека во период од два и пол месеци не го потпишал решението за забрана на работата на техничкиот преглед. За утврдување на вина, согласно Законот потребно е постоење на причинско-последична врска со настанатата штета. Обвинителството прибави дел од предметот кој се води пред надлежното обвинителство во Бугарија, во врска со причините за несреќата, односно дали автобусот бил вештачен во поглед на неговата исправност кога се случила неззгодата. Бугарија достави целокупно вештачење на околу 200 страни, имале најсовремена експертиза, испитувани се многу аспекти, но согласно вештачењето во моментот на случување на несреќата автобусот немал ниту еден технички проблем, посочи обвинителката.

Првичните информации кои ги кажаа бугарските истражни органи беа дека губењето на контрола на автобусот и пребрзото возење на шоферот кој е меѓу загинатите се најверојатни причини за несреќата.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250


Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK