ноември 23, 2024

Во рамките на акцијата, претрес бил извршен и во викенд-куќа во близина на прилепскиот затвор, која е во сопственост 77-годишен жител на градот, а ја користел 47-годишниот И.К. кој издржувал казна во затворот. Во неа, исто така, биле пронајдени марихуана и дигитална вага

При претрес во затворот во Прилеп, полициски екипи кај двајца осуденици кои издржуваат казни во оваа казнено-попрвана установа пронашле дрога, дигитални ваги и пари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.  

Кеси со марихуана (Илустративна фотографија) / Фото: Архива

Претресот со судска наредба бил извршен вчера, а го спровеле полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за внатрешни работи Прилеп во координација со колеги од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност (БЈБ). 

„При претрес во просторијата во затворот, каде што казна затвор издржуваат Д.Д. (41) од с. Ливада, Струшко и Н.Н. (34) од Прилеп, во шкафот на Н.Н. биле пронајдени една кеса и повеќе помали пакувања со марихуана, две дигитални ваги, пари во различни апоени и валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“,

се наведува во соопштението на МВР.  

Во рамките на акцијата, претрес бил извршен и во викенд-куќа во близина на прилепскиот затвор, која е во сопственост 77-годишен прилепчанец, а ја користел 47-годишниот И.К. кој, исто така, издржувал казна во затворот.  

Во неа, според полицијата, биле пронајдени и одземени две кеси со марихуана и дигитална вага, а во врска со случајот бил приведен и сопственикот на викендичката.   

За претресите известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од Министерството за внатрешни работи.  

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK