Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, го гледаше Никола Јокиќ како ги уништува Лос Анџелес Лејкерс, а моментот по мечот ќе замине во историјата.
Денвер ги совлада Лејкерси со 124:110, а Ѓоковиќ и Владе Дивац будно следеа од првиот ред.
По натпреварот следеше нивната долгоочекувана средба.
Serbian Legends
Novak Djokovic Nikola Jokic #NBACelebRow pic.twitter.com/36ayKKGATe
— NBA (@NBA) March 3, 2024
Новак даваше интервју, а потоа Никола Јокиќ тргна кон него. Кога Новак го забележа, го прекина интервјуто.
Тој им се заблагодари на новинарите, па веднаш се сврте кон сонародникот да се прегрне и поздрави.
„Каде си брате мој…“, беа првите зборови на Новак, кој не ја симна насмевката од лицето.
Ѓоковиќ од 6 март ќе игра на Мастерсот во Индијан Велс, поради што моментално се наоѓа на подготовки во Америка.
The post (Видео) Јокиќ го прекина интервјуто на Ѓоковиќ, реакцијата на Новак стана хит: „Каде си братe“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде