ноември 23, 2024

Американската јавност повторно изрази загриженост за возраста на најверојатните кандидати за претседател од Републиканската и од Демократската партија Доналд Трамп и Џо Бајден, откако обајцата изминатиот викенд направија гафови.

Трамп (77) и Бајден (81) се најстарите луѓе кои се кандидирале за претседател во историјата на САД.
„Путин има толку малку почит кон Обама што почна да се расфрла со зборот нуклеарно. Сте го слушнале. Нуклеарно. Сега почнува да зборува за нуклеарно оружје“, рече Трамп прексиноќа во Ричмонд. Ове е третпат во последните шест месеци да го смеша Бајден со поранешниот претседател Барак Обама. Меѓу другите гафови на поранешниот американски претседател е и мешањето на неговата републиканска ривалка Ники Хејли со поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.
Грешката на Трамп дојде еден ден откако Бајден двапати ги збрка Украина и Газа кога објави дека САД ќе доставуваат хуманитарна помош по воздушен пат до Палестинците во Газа кои гладуваат поради израелските бомбардирања и блокади.
„Во наредните денови ќе им се придружиме на нашите пријатели во Јордан и на другите кои со авион испраќаат дополнителна храна и залихи во Украина“, рече Бајден во петокот. САД „ќе се обидат да отворат други патишта кон Украина, вклучително можеби и поморски коридор“, додаде тој.
Официјален претставник на Белата куќа подоцна појасни дека Бајден мислел на Газа, а не на Украина. Гафот беше преработен во транскриптот од неговите забелешки.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK