ноември 23, 2024

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец ја поддржа кандидатурата на Трамп на овогодинешните претседателски избори во САД.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе се сретне со поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 8 март на Флорида, изјави претставникот за медиумите на Орбан за унгарската државна новинска агенција МТИ.

Минатиот месец Орбан ја поддржа кандидатурата на Трамп на овогодинешните претседателски избори во САД.

– Се надеваме дека актуелниот претседател ќе замине и дека претседателот Трамп ќе се врати и ќе има одврзани раце да постигне мир во Украина – рече Орбан на 23 февруари.

Орбан одби да испрати оружје во Украина за да и помогне во борбата против руската инвазија и ги критикуваше западните санкции против Русија. Тој постојано повикуваше на прекин на огнот во Украина за да се стави крај на војната.

Унгарскиот премиер, кој е на власт од 2010 година, се соочи со тензии со администрацијата на претседателот Џо Бајден, главно поради одложувањето на Будимпешта со ратификувањето на членството на Шведска во НАТО.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

По долго одложување, унгарскиот парламент минатата недела ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, а сега само се чека унгарскиот претседател конечно да потпише.

Орбан рече дека следните претседателски избори во САД оваа година и гласањето за Европскиот парламент во јуни ќе бидат клучни бидејќи конзервативците во Европа и САД мора заедно да се борат за повторно освојување на институциите во Вашингтон и во Брисел од либералите кои, според Орбан, ја загрозуваат западната цивилизација.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK