септември 19, 2024

На забава во Индија, неговиот пријател прво починал од срцев удар, а животот на богатиот политичар згасна два дена подоцна

Руски политичар кој ја критикуваше војната на Путин во Украина е пронајден мртов откако мистериозно паднал од прозорецот на хотелската соба во индискиот град Рајагада.

Кралот на колбасите, мултимилионерот Павел Антов, кој е член на главната пропутинска партија Обединета Русија, отишол на патување за да го прослави својот 66-ти роденден, но никогаш не се вратил.

На неговата забава, неговиот пријател најпрво почина од срцев удар минатиот четврток, а животот на богатиот политичар згасна два дена подоцна.

Рускиот конзул во Калкута, Алексеј Идамкин, за ТАСС изјави дека внимателно ја следат истрагата и информациите од полицијата.

Тајкунот, кој беше прогласен за најплатен избран политичар во 2019 година, со годишна плата од 147 милиони евра според анализата на Форбс, во јуни ја критикуваше војната и воздушните напади врз Киев како „руски терор во кој страдаат украинските цивили“.

Притоа, тој го истакна рускиот ракетен напад, велејќи: „Девојчето е извлечено од урнатините, наводно нејзиниот татко е убиен. Се обидуваат да ја извлечат мајката од под урнатините. Да бидам искрен, исклучително е тешко ова да се нарече поинаку освен терор“.

По таа изјава тој се најде под силен притисок, по што го повлече својот коментар и понизно се извини.

Тој рече дека неговата објава на социјалните мрежи е „несреќно недоразбирање“ и „техничка грешка“. Во исто време, тој инсистираше на тоа дека секогаш го поддржува претседателот и неговите цели во воената операција.

Индиските медиуми јавуваат дека рускиот месен магнат „скокнал“ од покривот на хотелот и бил пронајден во локва крв. Неговиот индиски водич го однел во болница, но таму веднаш била констатирана смрт.

Пријателот на Антов кој почина од срцев удар е именуван како Владимир Буданов (61), а во групата негови пријатели имало уште двајца непознати мажи.

Дел од руските медиуми пишуваат дека индиската полиција соопштила дека „не ја исклучува можноста Павел Антов да паднал во депресија поради смртта на пријател и затоа се самоубил“.

Антов ги остави сопругата и ќерката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK