ноември 23, 2024

Денес во просториите на Основниот Суд во Охрид започна судењето за лицето С.Н кое со нож се обиде да го убие началникот на Овр Струга, господинот Дритан Ајро !!!
Предметот за овој грозморен чин го води судијата Бојан, кое во истото сега обвинетиот го призна делото.

Следното рочиште закажно е за 22 Март, а во истото ќе се појават и двајца сведоци.

Граѓаните за медиумите говорат дека се загрозени од овој немил настан, и исто така стравуваат за својата безбедност, бидеќи кога некој се осмелил со остар предмет да го убие началникот, па не сакаат да помислат што може да му се случи на нив како обични граѓани, па затоа очекуваат брза разрешница, а лицето да одговара согласно закон.

„На 28 јули 2023 околу 17:35 часот на улицата Ристо Крле во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Дритан Ајро кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет (нож), по што се дал во бегство. Началникот Ајро беше пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош бореќи се за својот живот.
По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. веднаш беше поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е беше мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. беше веднаш спроведен во КПУ Скопје“,

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK