мај 13, 2024

 Бројот на жртвите од поројните дождови и поплавите што зафатија делови од Филипините за време на божиќниот викенд достигна 25, соопшти денеска филипинската агенција за управување со вонредни состојби, пренесува ДПА.

Според податоците на службата, 26 лица се исчезнати.

Речиси 400.000 луѓе се погодени од катастрофата, а околу 81.000 се сместени во центрите за евакуација. Девет лица се повредени, соопшти Националниот совет за намалување на ризикот од катастрофи и управување со вонредни состојби.

Шеснаесет од вкупно 25 смртни случаи се регистрирани во северниот дел на вториот по големина филипински остров Минданао, а 12 од 26 исчезнати се од источниот регион Бикол, соопшти Советот.

Причина за дождовите е контакт на топол и студен атмосферски фронт, соопшти филипинската метеоролошка служба.

Поплавите оштетија 1.196 куќи, делници од 123 патишта, како и 12 мостови. На некои места нема струја и вода за пиење.

Метеоролошката служба предупреди дека постои можност повторно да врне дожд во погодените области, што може да предизвика дополнителни поплави и одрони.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK