мај 14, 2024
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27.12.2022 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б став 2  од Кривичниот законик.
На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби.

Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети.

По преземени мерки и активности, на 22.12.2022 С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картици.

The post Кривична пријава за тероризам против тетовец  за лажна пријава за наводно поставена бомба appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK