мај 10, 2026

Израелската актерка со холивудска кариера Гал Гадот го роди четвртото дете, и тоа четврто девојче. Таа истовремено откри дека името на бебето е Ори, што на еврејски значи „моја светлина“.

„Бременоста не беше лесна, но сега донесе многу светлина во нашите животи“, напиша Гадот на Инстаграм, каде што објави фотографија како го држи бебето.

Триесет и осумгодишната Гадот во декември објави дека е повторно бремена. Таа е мајка и на 11-годишната Алма, Маја (6) и Даниела (2).


The post Актерката Гал Гадот ја доби четвртата ќерка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK