мај 10, 2026

Русија не ја нападна делегацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на ракетниот напад на пристаништето Одеса, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој рече дека „Москва ќе ја погодеше целта доколку тоа беше нејзината намера“ и дека на „сите“ им е очигледно дека немало планиран напад врз конвојот.

Советникот на претседателот на Украина претходно денеска изјави дека не може да се исклучи дека рускиот ракетен напад врз Одеса бил насочен кон делегацијата на Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кои беа во посета на Украина.

Лидерите ги проверуваа капацитетите за жито во градот на Црното Море кога Русија изврши напад врз пристанишната инфраструктура таму, на што двајцата лидери изјавија дека биле сведоци, пренесе Ројтерс.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK