мај 10, 2026

Американскиот претседател Џозеф Бајден вечерва ќе му соопшти на Конгресот дека ќе и нареди на американската војска да изгради пристаниште во Газа за транспорт на хуманитарна помош по морски пат до опколената палестинска територија.

„Вечерва, претседателот во своето обраќање за состојбата на нацијата ќе каже дека ќе и нареди на американската војска да спроведе итна мисија за воспоставување пристаниште во Газа“, изјави за новинарите неименуван висок американски функционер.

Бајден ќе одржи традиционален претседателски говор сред кампањата за претседателските избори закажани за крајот на годината, на кои се очекува тој да биде кандидат на демократите.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK