мај 10, 2026

Фудбалерите на Интер од Мајами одиграа 2:2 во Нешвил, во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на КОНКАКАФ.

КОНКАКАФ Купот е клупско натпреварување на екипи од Северна и Централна Америка и Карибите.

Лионел Меси и соиграчите, во Нешвил, успеаја да останат непоразени и покрај тоа што имаа минус од два гола.

Нешвил поведе преку Џејкоб Шафелбург во четвртата минута, а истиот играч го зголеми водството во 47. минута.

Интер брзо одговори, убав гол постигна Лионел Меси во 52. минута од работ на шеснаесетникот.

Конечниот резултат го постави Луис Суарез, кој погоди во петтата минута од судиското надополнување, на асистенција на Серхио Бускетс.

Актуелен победник на ова натпреварување е мексиканскиот тим Леон.

The post (Видео) Меси и Суарез го спасија Интер од пораз appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK