септември 20, 2024

Научниците откриле дека консумирањето овошје, зеленчук и интегрални житарки помага да се спречи Алцхајмерова болест. Докажано е дека храната богата со антиоксиданси како и со антиинфламаторни својства е корисна за мозокот.

Во продолжение погледнете кои намирници се корисни за правилното функционирање на мозокот.

1.Темно чоколадо
Првиот избор кога станува збор за храна што може да ја подобри меморијата и да ги зајакне когнитивните способности е несомнено темното чоколадо. Научниците ве советуваат да купувате темно чоколадо со 70% какао, бидејќи антиоксидансите и флаванолите што се содржат во какаото ги штитат мозочните клетки, а влакната во чоколадото го намалуваат ризикот од појава на воспаление.
2.Бобинки
Бобинките се богати со фитонутриенти, антиоксиданси и витамини. Консумирањето различни видови бобинки ги намалува симптомите на анксиозност и ризикот од деменција.
3.Куркума
Куркумата е растение кое се користи како зачин и е дел од индиската кујна има способност да ги подобрува когнитивните функции, особено кај постарите лица. Нутриционистите препорачуваат да го комбинирате овој зачин со црн пипер за подобра апсорпција на состојката куркумин во организмот.
4.Зелени намирници
Кељот, спанаќот, зелката и другите зелени намирници содржат витамин Б кој е важен за правилното функционирање на невротрансмитерите.
5.Ферментирана храна
Јогуртот, кефирот и ферментираниот чај од комбуха треба да бидат дел од вашата исхрана бидејќи преку внесувањето на пробиотици во организмот се подобрува работата на дигестивниот систем, а тоа ќе придонесе и за подобро функционирање и на мозокот.
За крај, важно е да се знае дека здравата исхрана ќе ви помогне да го одржите вашето ментално и физичко здравје како и вашите когнитивни способности, но потребен е и холистички пристап кон здравјето преку вежбање, медитација, јога и позитивно размислување.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK