Рецепт за руски палачинки со сос од печурки и пилешко месо
Доколку ви останало бело пилешко месо, можете да го помешате со сос од печурки и да добиете фил за печурки, но исто така можете да го испржите месото во тава. По желба додајте сирење врз палачинките и оставете ги да се потпечат во фурна, а друга одлична верзија е да ги наполните и да ги прелиете со сосот од печурки. Можете да додадете и копар доколку сакате специјалитетот да добие фина арома.
Потребни состојки:
10 палачинки
1 лажица маслиново масло
400 гр шампињони
1 лажица путер
2 чешниња лук
кромид
2 парчиња пилешки гради
300 мл пилешка супа
½ лажица сенф
1 лажичка слатка чадена пиперка
250 мл крем
сечкан магдонос или копар
сол и црн пипер
Начин на подготовка:
Исчистете ги печурките и исечкајте ги на коцки. Исечкајте ги лукот и кромидот, а пилешкото исечете го на ленти.
Во тава на средна температура додајте го маслото и путерот. Додајте ги и кромидот, лукот и печурките и пржете околу 3-4 минути. Смесата од тавата префрлете ја во друг сад.
Следете не, не има насекаде