мај 10, 2026

Фудбалерот на Њукасл, Киран Трипие ќе пропушти најмалку два натпревари поради повреда на потколеницата, изјави денеска менаџерот на „страчките“, Еди Хау.

Трипие се повреди минатиот викенд на натпреварот против Вулверхемптон (3:0) во Премиер лигата и мораше да го напушти теренот на почетокот на второто полувреме.

„Се работи за полесна повреда, но тестовите покажаа дека не можеме да сметаме на него во следните два натпревари. Се надеваме дека тој ќе се врати на теренот во првиот меч по репрезентативната пауза, иако тоа не е сигурно“, рече Хау.

Њукасл во понеделник игра против Челзи во Премиер лигата, а против Манчестер Сити во четвртфиналето на ФА Купот следната сабота.

Трипие поради повредата најверојатно ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата на Англија на крајот на месецот.

Тој беше заменет со Тино Ливраменто во 52. минута против Вулверхемптон, кој постигна гол во судиското надополнување, што е прв за него откако дојде во клубот минатото лето.

The post Трипие ги пропушта дуелите со Чеси и Сити appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK