септември 20, 2024

Пред локалната пиљара „Кај Кецот“ во Гевгелија на дрвена палета со закачалки, хумани граѓани оставаат ќеси со храна. Целта е да им ги разубават празниците на граѓаните кои не можат и немаат да си дозволат храна.

Оваа локална продавница има и мото „Ако имаш донеси, ако немаш понеси“ и апелираат за сите оние кои навистина немаат и им е потребна храна да се послужат од оставените ќеси.

„Да ги направиме празниците убави за сите“, стои во објавата на пиљарата.

„Браво за иновативноста и хуманоста за вас, секогаш инспиративни и оригинални, пример за човечност“, „Браво за идејата и за хуманите граѓани“, „Браво, браво, браво. Тоа го можат само вистинските луѓе. За поздрав сте“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

The post Ќеси со храна оставени на закачалка за поубави празници, хумана акција на пиљара во Гевгелија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK