мај 11, 2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.

 

Монструмот останува зад решетки! Судот ја одби жалбата на Јозеф Фрицл: Ова се сите детали од пресудата

Австрискиот суд ја укина одлуката за префрлање на 88-годишниот силувач Јозеф Фрицл во редовен […]

КОШМАРОТ ЗА РУСИТЕ ПОЧНУВА ОД ЈУЛИ: Украина конечно ќе ги добие МОЌНИТЕ ЅВЕРОВИ што ги бараше од своите сојузници на ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА

Според ексклузивните информации на Њујорк Тајмс, украински пилоти од јули ќе летаат […]

Гастарбајтер си дошол во Битола и глумел мангуп со БМВ X6, нападнал и полицаец, па завршил во притвор!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор […]

Го убивме четвртиот по важност член на Хамас, следуваат третиот, вториот и првиот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војската го убила четвртиот најважен […]

По половина век бизнис, Мекдоналдс воведува промени во менито: Дали ова ќе им се допадне на клиентите?

Мекдоналдс воведува промена во подготовката на хамбургерите по долга серија години, која […]
Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK