мај 11, 2026

Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.

Монструмот останува зад решетки! Судот ја одби жалбата на Јозеф Фрицл: Ова се сите детали од пресудата

Австрискиот суд ја укина одлуката за префрлање на 88-годишниот силувач Јозеф Фрицл во […]

КОШМАРОТ ЗА РУСИТЕ ПОЧНУВА ОД ЈУЛИ: Украина конечно ќе ги добие МОЌНИТЕ ЅВЕРОВИ што ги бараше од своите сојузници на ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА

Според ексклузивните информации на Њујорк Тајмс, украински пилоти од јули ќе […]

Гастарбајтер си дошол во Битола и глумел мангуп со БМВ X6, нападнал и полицаец, па завршил во притвор!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи […]

Го убивме четвртиот по важност член на Хамас, следуваат третиот, вториот и првиот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војската го убила четвртиот […]

По половина век бизнис, Мекдоналдс воведува промени во менито: Дали ова ќе им се допадне на клиентите?

Мекдоналдс воведува промена во подготовката на хамбургерите по долга серија години, […]

– Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потрврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, посочи Петровска.

Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.

– Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ, вели Петровска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK