Овие мажи почнаа самите да доаѓаат во болниците за да ја замрзнат својата сперма.
Руските војници кои се регрутирани да се борат во Украина ќе имаат можност бесплатно да складираат замрзната сперма во криобанка, објавија водечки руски адвокати.
Шефот на Рускиот сојуз на адвокати, Игор Трунов, за руската државна новинска агенција ТАСС изјави дека Министерството за здравство одговорило на неговиот апел и им обезбедило бесплатно криобанкарство и придружни измени во задолжителното здравствено осигурување.
Бесплатно за мобилизираните
Русија во септември мобилизираше 300.000 резервисти. Според извештаите, овие мажи почнале самите да доаѓаат во болниците за да ја замрзнат својата сперма. Трунов на Твитер објави дека неговата заедница зборувала во име на неколку парови чии сопрузи биле повикани да учествуваат во војната во Украина.
Министерството за здравство се уште официјално не ги коментира изјавите на Трунов, а тој за Би-Би-Си изјави дека неговиот синдикат наскоро ќе се договори за точната процедура со министерството. Тој додаде за ТАСС дека Министерството „ја идентификува можноста за финансиска поддршка од федералниот буџет за бесплатно зачувување и складирање на герминативните клетки за граѓаните мобилизирани да учествуваат во СВО за 2022-2024 година“.
Од почетокот на војната, Русија претрпе загуби од десетици илјади војници. Во септември, претседателот Владимир Путин најави „делумна мобилизација“, а жртвите продолжија да растат. Повеќе од 250.000 Руси ја напуштија земјата за да избегнат регрутација.
Масовно се јавувале на клиниките
Неколку дена по повикот, веб-страницата Фонтанка, која работи во вториот по големина град во Русија, Санкт Петербург, објави дека е зголемен бројот на мажи кои пристапуваат до клиники за ИВФ за да ја замрзнат својата сперма и да обезбедат документи со кои им се дава право на нивните сопруги да ги користат.
Андреј Иванов од градската болница Марински рече дека добиваат повици од луѓе кои се подготвуваат за мобилизација, како и од оние кои планирале да ја напуштат Русија.
Следете не, не има насекаде