ноември 24, 2024

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека прашањето за нејзината можна вмешаност во решавањето на украинската криза не е на дневен ред.

– ,,Не е на дневен ред тоа прашање” – изјави таа во интервју за неделникот Сет.

Меркел додаде дека не знае како ќе заврши конфликтот во Украина.

– Еден ден сè ќе заврши со преговори. Војните завршуваат на преговарачка маса. Има разлика помеѓу наметнат мир, кој јас, како и другите, не го посакувам, и отворени и пријателски преговори. Не сакам да додадам ништо повеќе – изјави поранешната канцеларка.

Коментирајќи ја политиката што ја водела кон Русија и Украина, Меркел истакна дека во тоа време носела одлуки според логика која сè уште и изгледа разумна“.

– ,,Се работеше за обидот да се спречи војна како оваа. Само затоа што не успеавме, не значи дека беше погрешно да се обидеме“, рече таа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK