ноември 24, 2024

 Големата џамија во Париз поднесе жалба против писателот Мишел Хуелбек за „многу сериозните“ зборови што ги кажал „за муслиманите во Франција“ во неодамнешното писмено интервју, се наведува во соопштението на џамијата објавено на нејзиниот Твитер профил.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Големата џамија посочува на „долгиот разговор меѓу Мишел Онфрај и Мишел Хуелбек“ објавен во специјално издание на списанието „Фронт Популер“ минатиот ноември. Во комуникето потпишано од ректорот Чемс Един Хафиз, Големата џамија цитира извадок: „Кога цели територии ќе бидат под исламска контрола, верувам дека ќе има акти на отпор. Ќе има напади и пукотници во џамиите, во кафулињата посетени од муслимани, накратко, Батаклани наопаку“.

„Желбата на домородното француско население, како што велат, не е муслиманите да се асимилираат, туку да престанат да крадат од нив и да ги напаѓаат. Или, друго решение, нека си одат“, е уште еден извадок цитиран во соопштението.

Фразите на Мишел Хуелебек се оценети како „лапидарни“, „неприфатливи“ и со „неверојатна бруталност“, наведува Големата џамија на Париз.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK