ноември 24, 2024

Лидерот Ким Џонг Ун ги претстави воените цели на Северна Кореја за следната година на состанокот на владејачката Работничка партија.

На вториот ден од шестиот проширен пленарен состанок на Осмиот Централен комитет на партијата, Ким разговарал за „новосоздадената предизвикувачка ситуација“ на Корејскиот полуостров и за поширокиот политички контекст, се вели во извештајот објавен од централниот комитет на Работничката партија.

Ким им претстави на сопартијците нова „насока за борба против непријателот“ и цели за зајакнување на одбранбената моќ, се додава во извештајот.

Во извештајот нема детали за целите, пренесува Ројтерс.

За време на пленарниот состанок, Ким укажал и на голем број сериозни недостатоци забележани оваа година во областа на науката, образованието и здравството и предложи начини за нивно надминување и поставување клучни задачи за следната година, соопшти КCNA.

Севернокорејските лидери претходно одржаа говори за Нова година, но во последниве години Ким свика повеќедневни партиски собири на крајот на годината за да ги објави главните политички одлуки. Северна Кореја истрела голем број проектили оваа година како дел од новите тестови на оружје, вклучувајќи тестирање на тактичко нуклеарно оружје, нови интерконтинентални балистички ракети и шпионски сателит.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK