Тренерот на шпанска Барселона, Чави Ернандез има голема мака и ќе мора до лето да пресече кој од двете ѕвезди, Рафиња или Осман Дембеле ќе мора да си замине.
Рафиња летоска дојде за 65 милиони евра од Лидс, а Дембеле после бурни натегања на крај потпиша нов договор со Каталонците, но после само шест месеци, Чави сфатил дека нема да може и двајцата да ги игра, а едниот ќе мора да биде во втор план, но тоа е дополнително оптеретување на клупскиот буџет за ѕвезда која ќе зема голема плата, а ќе има мал придонес.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Каталонските медиуми најавија дека Чави во следните шест месеци ќе треба да пресече, зашто не му успеал планот и двајцата да играат, со тоа што едниот би играл на спротивна страна од својата вистинска позиција.