ноември 24, 2024

И додека медиумите во соседството не престануваат да информираат за погребот на синот на покојната Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, Милан Радуловиќ Лаќа, кој почина на 13 декември во Израел, а беше погребан вчера на Новите гробишта во Белград.

Многумина ги изненади фактот што и покрај големиот број познати личности и пријатели кои присуствуваа на последното испраќање на познатиот текстописец, сепак најблиските пријатели на семејството не беа таму.

Станува збор за Светлана Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша и Ана Николиќ кои вчера не се појавија на Новите гробишта.
До некаде отсуството на Цеца и Јеца, кои беа многу блиски со легендарната Марина Туцаковиќ, која им ги напиша најголемите хитови, може да се смета за оправдано, земајќи предвид дека по смртта на Марина се најдоа на „нишан“ кај Лаќа, кој јавно ги нападна, но зошто Николиќ, која е блиска другарка со Милан не дојде да го испрати…

Ана Николиќ се’ уште е во голем шок поради смртта на Лаќа, и немаше сили да присуствува на погребот на својот пријател и соработник со кого беше многу блиска, открива изворот.
Таа не присуствуваше и на погребот на Марина Туцаковиќ.

Навистина немав сила да одам на погребот на Марина, од тој ден не сум своја – изјави тогаш Николиќ, па многумина претпоставуваат дека подоцна ќе го посети гробот на Милан.
А верувале или не, Цеца и Јеца за време на погребот времето го поминале заедно – во судницата каде што присуствувале на закажаното судење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK