ноември 27, 2024


Пет клубови од првата македонска фудбалска лига и два второлигаши се под истрага за местење на натпревари.

Полицијата денеска влезе во Фудбалската федерација каде се проверува документацијата и се прибираат информации за клубови, натпревари и официјални лица со сомневање за местење на натпревари.

Од Министерсството за внатрешни работи потврдуваат дека постапуваат по насоки на јавен обвинител.

Се огласија и од ФФМ од каде истакнуваат дека целосно соработуваат со органите.

„Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн. Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со Министерството за внатрешни работи и органите на Министерството во тој дел, се вели во соопштението на ФФМ.

Постапката е иницирана по добиени информации и препораки од „Спортрадар“, тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK