Изјава од која и најсилниот ќе се расплаче и несомнено ќе биде емотивно трогнат.
Во какво општество живееме, зошто има неправди, зошто има гладни дечиња на ова мало парче земја…
Зарем, наместо безгрижни детски денови, едно дете треба да ја жали сопствената мајка која поради сплет на околности нема да му даде храна?
Имам само три желби: Да оздрави бато, да имам лаптоп како сите мои другарчиња и мама да не плаче кога треба да ми даде да јадам!”- вели малиот Давид од Прилеп во емисилија „Срце на дланка“.
Втората желба веднаш му беше исполнета благодарение на Борче Стаменов од Донирај компјутер, а за храна се организираа голем број хумани граѓани.
Но, дали проблемот е решен, со оглед дека социјалните мрежи постојано се преплавени со апели за помош на семејства во кои и храната е луксуз на трпезите, од речиси сите делови од земјава.
Страшно ме погоди изјавата на малиот Давид од Прилеп. Секое седнување да јадам, ми текнува колку гладни деца има во државава и чувствувам грижа на совест. Хуманите луѓе помагаат, но не може таквата помош да биде трајно решение за илјадници луѓе што живеат во екстремна сиромаштија, вели Весна Ангелова која својот став на темава го сподели на фејсбук.
Поради ова, чувствувам незапирлив бес кон криминалците на власт што секојдневно, безмилосно и без трошка срам крадат од устите на овие деца. Да ја доведеш нацијата во ситуација да не може да се прехрани, а ти да јадеш ко стока со народни пари, мора да си ненормален. Овој народ има право на пристоен живот и заслужува подобро!, вели таа во својата објава.
The post Малечкиот Давид од Прилеп има само две желби: Не сакам да плаче мамичка кога ми дава да јадам, и да оздрави бато !!! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде