Локалните Срби денеска се очекува да почнат да ги отстрануваат камионите и другата тешка механизација со кои од 10 декември ги блокираа патиштата на северот на Косово.
Во текот на изминатата ноќ непознати лица запалиле два камиони на барикадите на мостот на реката Ибар, кај местото Дудин Крш во општина Северна Митровица.
Барикадата на мостот кој го спојува градот Митровица со магистралниот пат Митровица-Лепосавиќ поставена е пред два дена, заедно со барикада во самиот град, во Бошњачкото Маало во близина на Техничкото училиште.
Отстранување на барикадите во местото Рудаде, кај Звечан, на магистралниот пат Митровица-Лепосавиќ се уште не почнало. Таа барикада поставена е пред 20 дена, ја чуваа локалните Срби.
Локалните Срби денеска се очекува да почнат да ги отстрануваат камионите и другата тешка механизација со кои од 10 декември ги блокираа патиштата на северот на Косово.
Одлуката да се отстранат барикадите од патиштата е донесена синоќа по разговорот на претставниците на косовските Срби со претседателот на Србија Александар Вучиќ, одржан во Рашка, недалеку од границата со Косово.
Услови за отстранување на барикадите создадени се откако Основниот суд во Приштина вчера на барање на Специјалното обвинителство на Косово, на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ затворскиот притвор му го смени со домашен, од здравствени причини и поради не постоење услови да ги ужива законските права кои му припаѓаат како притворено лице.
Пантиќ синоќа е префрлен во неговата семејна куќа. Тој се товари за загрозување на уставниот поредок на Косово и терористички чин на организирање напади на службеници на Централната изборна комисија на Косово.
Како што изјави Вучиќ, добиени се гаранции од ЕУ и САД дека нема никакви списоци на Срби и дека никој нема да биде прогонуван поради организирање барикади на патиштата.
Српските претставници кон почетокот на ноември излегоа од сите косовски институции поради одлуката на Владата на Косово за задолжителна пререгистрација на возилата од старите, кои ги издаваше Србија, на РКС таблици. Таа одлука е одложена на неодредено поради големите тензии на северот на Косово и опасноста од ескалација на ситуацијата.
TRT BALKAN MACEDONIA
Следете не, не има насекаде