ноември 23, 2024

Јапонецот Хидео Коџима, изумител на видеоигри, верува дека ќе продолжи да создава игри и откако ќе го нема. Тој открива дека има прилично уникатни планови, како вели, се обидува да си овозможи живот на Земјата и по смртта.
„Ќе продолжам да водам сѐ дури сум тука, а сѐ што ми е важно е нашите корени, кога станува збор за создавањето, да останат недопрени. Но, веројатно ќе останам на земјата како вештачка интелигенција по смртта, вели тој.  Треба да бидете стимулирани на многу различни начини ако сакате да продолжите да создавате нови работи, па претпоставувам дека и натаму ќе соработувам со други и ќе прифаќам нови работи, дури и ако не сум официјално жив“, вели Коџима.

Според него, новата технологија постојано ја заменува старата.
Технологијата што ја користите денес можеби нема да биде применлива утре, а јас сум заинтересиран да најдам начини да го вградам новото. Погрешен избор може да значи неуспех, се разбира. Тоа е малку слично на вселенска програма, вели Коџима.

The post Јапонец има план да создава видеоигри и по смртта appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK