септември 19, 2024

Шведскиот фудбалер со македоски корени Дејан Кулушевски ја освои наградата Златна топка за најдобар шведски фудбалер за 2022 година. Играчот на Тотенхем со 22 години стана најмладиот кој ја освои наградата по легендарниот Томас Бролин во 1990 година.

„Целата година помина фантастично. Во Тотенхем се вратив во живот. Си ја вратив гладта и љубовта за фудбалот. Чувствувам дека се подобрувам и ми е забавно кога сум на теренот“, рече Кулушевски.

Напаѓачот во јануари од Јувентус замина во Тотенхем и оттогаш во Премиер лигата одигра 28 натпревари, даде шест гола и асистираше 13 пати.

Во репрезентацијата на Шведска не беше толку усшешен. Не се пласираше на Мундијалот во Катар откако загубија од Полска во финалниот бараж во март. Годинава за репрезентацијата играше на седум натпревари, даде еден гол и три асистенции.

The post Дејан Кулушевски ја доби Златната топка за најдобар фудбалер во Шведска за 2022 година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK