Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Датро Фофана, ги засили редовите на Челзи, соопшти синоќа лондонскиот премиерлигаш.
Фофана дојде во Челзи од норвешкиот прволигаш Молде за кој одигра 42 натпревари и постигна 15 голови.
Вредноста на трансферот, како што јавија англиските медиуми, изнесува 11 милиони фунти.
За националниот тим, за кој има три настапи, дебитираше во 2019 година на Африканскиот куп на нации.
На своите нови соиграчи Фофана ќе им се приклучи на првиот работен ден во 2023 година.
Следете не, не има насекаде