септември 21, 2024

Еден од симболите на Ефес, Шејн Ларкин (31), како што стојат работите, на лето ќе може слободно да избере нов клуб.

Според некои шпански медиуми, Анадолу Ефес се уште не му понудил продолжување на соработката и како што сега стојат работите актуелната сезона ќе му биде последна во дресот на турскиот клуб.

Се разбира, Ларкин не е загрижен за својата иднина. Играчот од негов калибар лесно ќе најде нов клуб, прашање е само дали ќе може да ја добие и платата што ја има во Ефес. Со околу 4.000.000 евра на годишно нови, тој е најплатениот кошаркар во Евролигата.

Според истите шпански медиуми, Ларкин има понуди од два евролигашки клуба, без да бидат наведени имињата на клубовите.

Поранешниот кошаркар на Далас, Њујорк, Бруклин и Басконија ја одработува петтата сезона во Ефес, со кој двапати ја освои Евролигата.

The post Ларкин летово ќе го напушти Ефес appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK