септември 21, 2024

Бизнисменот Орце Камчев не е оштетен, а сега ќе треба да им плати и трошоци за тоа што ги тужеше Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, одлучи Апелациониот суд-Скопје, дознава „Скопје1“. Апелација целосно ја потврди пресудата која ја донесе судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, кој го одби тужбеното барање на Камчев кој бараше да му се вратат 1,5 милиони евра од предметот „Рекет“. Сега, Камчев ќе треба да им плати на Боки 13, Катица Јанева и државата, за судските трошоци кои им ги предизвикал со тужбата.
Пресудата на Основниот граѓански суд-Скопје се потврдува. Се задолжува тужителот Јордан Камчев од Скопје да му плати на првотужениот Бојан Јовановски трошоци за одговор на жалба во износ од 49.702 денари, на второтужената Катица Јанева трошоци за одговор на жалба во износ од 52.702 денари, на Република Северна Македонија, СЈО, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, трошоци за одговор на жалба во износ од 74.552 денари“, стои во дел од пресудата. СКОПЈЕ 1

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK