Врховниот суд во Бразил донесе одлука за забрана на носење оружје во главниот град до официјалната инаугурација на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.
Привременото суспендирање на дозволите за носење огнено оружје за областа Бразилија ќе трае до 2 јануари, ден по предвидената церемонија на новоизбраниот претседател.
Одлуката доаѓа во тензичен период во кој се наоѓа Бразил по тесната победа на Лула над Жаир Болсонаро на претседателските избори.
Поддржувачите на поранешниот екстремно десничарски претседател протестираат пред касарните во земјата, барајќи војската да изврши државен удар.
На 12 декември, денот кога беше официјално потврдена победата на Лула, демонстрантите нападнаа полициски станици во главниот град на Бразил.
Бројот регистрирани сопственици на огнено оружје во Бразил се зголеми за шестпати откако Болсонаро во 2019 година ги олесни законските ограничувања и сега нив ги има околу 700 илјади.
Според новоименуваниот министер за правда Флавио Дино, тимот на Лула побарал привремено суспендирање на дозволите од Врховниот суд.
Следете не, не има насекаде