„Канцеларијата за кибербезбедност смета дека мобилната апликација ТикТок претставува висок ризик за корисниците поради голем број безбедносни ризици“, се вели во и-мејлот испратен вчера до пратениците и персоналот.
Популарната апликација за споделување видеа, ТикТок, нема да биде дозволена на службените уреди што ги користи Претставничкиот дом и неговиот персонал, соопшти Главната административна канцеларија на Домот.
„Канцеларијата за кибербезбедност смета дека мобилната апликација ТикТок претставува висок ризик за корисниците поради голем број безбедносни ризици“, се вели во и-мејлот испратен вчера до пратениците и персоналот.
„Ако ја имате апликацијата ТикТок на службениот мобилен телефон, ќе бидете контактирани за да ја избришете“, се вели во електронската порака.
ТикТок беше строго анализиран од американските официјални лица по минатомесечното предупредување на ФБИ дека податоците собрани на апликацијата би можеле „злонамерно“ да се употребат од администрацијата на Пекинг.
ТикТок одговори дека не ги чува податоците на американските корисници во Кина, каде што законот дозволува Владата да ги принуди компаниите да предаваат внатрешни информации.
Нацрт-законот за трошоци од 1,7 билиони долари што Сенатот го усвои минатата недела, исто така, ја кодифицира забраната за користење на ТикТок на речиси сите уреди на американската Влада.
Откако ќе се потпише како закон, забраната ќе ги опфати речиси сите владини агенции.
Следете не, не има насекаде