ноември 23, 2024

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги демантираше информациите дека би можел да го напушти Реал за да седна на селекторското место во Бразил.

– Не знам за такво нешто. Мене никој не ме контактираше. Бразилската федерација не ме повика. Само сакам да останам во Реал Мадрид. Никогаш нема да барам од Реал Мадрид да си заминам, ја пренесе изјавата на тренерот, новинарот Фабрицио Романо.

Медиумите во неколку наврати објавија дека тренерот Анчелоти може да го води тимот, заменувајќи го Тите.

По неуспехот на Бразилците на СП 2022, Тите си поднесе оставка.

Реал Мадрид е втор во Ла Лига со 35 бода од 14 натпревари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK