Фудбалскиот клуб од Кина, Гуангџоу, кој за кратко време стекна светска слава, повеќе не постои. За десет години не успеа да биде толку успешен на меѓународно ниво, но стана познати за секој љубител на фудбалот. Купувањето успех преку ноќ е многу честа појава. Така беше планирано и за овој клуб.
Едно време беше сметам за еден вид на државен проект со цел да завладее со фудбалскиот свет. Во период од десет години, беа вложени повеќе од милијарда евра, а дојдоа и голем број фудбалски ѕвезди. Целата работа почна со изградба на најголемиот стадион на светот, но немаше ништо од успесите.
По само три победи во 33 натпревари и без триумф од август, клубот испадна од првенството во Кина и сега му следат најцрните прогнози, односно згаснување на истиот.
Во периодот од 2011 до 2019 година, беше осум пати шампион на Кина, а освои и две азиски Лиги на шампиони. Во истите тие две, оваа сезона ги изгубија сите шест натпревари со гол разлика 0:24.
Клубот до неодамна се веикаше Гуангџоу Евергранде, но главниот спонзор банкротираше по што сите долгови пораснаа на повеќе од 250 милијарди евра. Затоа што не беше можно да се платат странските фудбалери и тренери, сите си заминаа. Последен кој си отиде беше Рикардо Гуларт во септември.
Клубот во минатото меѓу останатото го водеа звучни тренерски имиња, како Фелипе Сколари и Марчело Липи, но и поранешниот освојувач на Златната топка, Фабио Канаваро.
Едно време го имаа и третиот најплатен фудбалер, Дарио Конка, кој во 2011 година заработуваше 200.000 евра неделно. Пред него поплатени беа само Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
За овој кинески клуб играа и Паулињо и Џексон Мартинез, кој беа платени по 42 милиони евра. Потоа Талиска, Рикардо Гуларт, Алан и други.
Во април 2020 година, се почна со изградбата на стадионот вреден 1,9 милијарди евра и со капацитет поголем од 100.000 седишта, требаше да биде најголемиот стадион наменет исклучиво за фудбалски натпревари. Сепак, поради финансиската криза и откажувањето од главниот спонзор, локалната власт ја презеде изградбата во свои раце и веќе некое време сите активности беа стопирани.
Кога пред седум години почна масовно да стигнуваат одлични фудбалери за астрономски суми, клубот беше сметам за прототип на кинскиот план да го освои светскиот фудбал, но времето покажа дека од тоа нема ништо.
The post Фудбалски клуб во кој беа вложени милијарди за да го имаат најголемиот стадион и ги донесат светските фудбалски ѕвезди повеќе не постои appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде