ноември 23, 2024

Презземено од Цивилмедиа.мк

Странските инвестиции се многу важен дел за секоја економија, особено за македонската, а со менувањето на власта може да се забележи раст на странските директни инвестиции, но и на платите на вработените во технолошко-индустриско развојните зони.

Споредувајќи ги бројките на директните странски инвестиции од 2006 до денес, јасно се гледа дека заробувањето на државата и институциите од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се одразувало и на привлекувањето на странски инвестиции. По рекордната 2007 година, единствената со над 500 милиони евра директни странски инвестиции во времето на Груевски, бројките на инвестиции се движеа околу 200 милиони.

По промената на власта во 2017, ослободувањето на институциите и враќањето на имиџот на државата на меѓународен план, како земја која е пријател со соседите и партнерите и која е отворена за соработка, директните странски инвестиции доживуваат вистински бум.

Така, во 2018 година, првата цела година во која коалицијата предводена од СДСМ е на власт, во земјава има рекордни 614 милиони евра директни инвестиции.

Странските инвестиции се намалуваат во 2020 година, поради ковид-пандемијата и неизвесноста која го погоди целиот свет, но дури и тогаш сумата на странски инвестиции е во нивото на просекот од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, односно нешто над 200 милиони евра.

Следните, 2021 и 2022 година покажуваат дека помина шокот на пандемијата, а членството во НАТО и отвореноста на земјава повторно се препознаени од странските инвеститори по што имаме 470 милиони евра директни странски инвестиции во 2021 година и над 528 милиони евра во оваа, 2022 година, пресметано со месец септември.

Овие бројки целосно ги демантираат манипулациите на опозицијата и политичките коментатори кои ја поддржуваат дека инвестициите во земјава биле пред 2016 година. Доколку се анализираат шестте години од Владата предводена од СДСМ се доаѓа до бројка од околу 2400 милиони евра инвестиции. Споредено со првите шест години од Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2011, кога во државава влегле 1900 милиони евра инвестиции јасно е видлива разликата. Таа станува уште поголема доколу предвид се земат последните шест години од режимот на Груевски – од 2011 до 2016 година вкупниот број на странски инвестиции изнесувал околу 1468 милиони евра, односно цела милијарда евра помалку отколку за истиот период владеење на СДСМ.

Просечната плата во ТИРЗ порасна за 10 илјади денари

Меѓутоа не се само вкупните бројки на странски инвестиции показател за промената на инвестициската клима. Растот на бројот на инвестиции е забележлив и од бројот на вработените во технолошко-индустриските развојни зони. Во 2016 година, пред промената на власта, имало вкупно 6282 вработени во ТИРЗ, додека оваа бројка во 2020 година се искачила на 12963 лица.

Сепак, вистинската промена, таа која најмногу значи за граѓаните и економијата на државата е растот на платите. Доколку се споредат платите кои вработените во ТИРЗ ги добивале во 2016, пред промената на власта и во 2020 година и таму се забележува драстична разлика. Просечната плата исплатена во ТИРЗ во 2016 година била 19758 денари, додека во 2020 година таа достигнала речиси 500 евра, односно била 29462 денари.

Државата во 2020 инкасирала пет пати повеќе од ТИРЗ отколку во 2016

Со зголемувањето на бројот на вработените, растот на платите, но и зголемувањето на инвестициите во земјава по промената на власта, значително се зголемуваат и приходите кои државата ги остварува од странските директни инвестиции, бројка која е веројатно најголем показател од полезноста на ТИРЗ.

Во 2016 година, пред промената на власта, државата од ТИРЗ инкасирала нешто над 560 милиони денари по основ на придонеси од социјално осигурување, даноци на плати и данок на добивка. Оваа бројка во 2020 година е дури пет пати повиска, односно таа изнесува 2,41 милијарди денари.

Овие бројки само илустрираат дека вистинскито начин на водење на политика, работењето на остварување на соработка со соседите и сите партнери, наспроти изолацијата, носат вистински и реален бенефит за граѓаните и економијата. Членството во НАТО претставува уште една гаранција за инвеститорите и е причина плус токму Северна Македонија да биде дестинацијата за инвестирање.

Почетокот на преговорите со Европската Унија ќе бидат уште еден мотив плус за странските инвеститори да се одлучат својот капитал да го инвестираат тука, а евентуалното членство и поврзувањето со европскиот пазар ќе значи и целосна трансформација за македонската економија и стандардот на граѓаните.

The post Инвестициите и вработувањата низ бројки: Неспоредливи политиките на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK