Претседателката на црногорското Собрание Данијела Ѓуровиќ денеска пред пратениците соопшти дека се исполнети условите Миодраг Лекиќ да биде мандатар за состав на новата влада на Црна Гора.
Таа рече дека овие услови се остварени бидејќи црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не предложи мандатар на барање на парламентарното мнозинство.
Лекиќ беше предложен за мандатар од старото ново мнозинство, кое го сочинуваат партиите кои победија на изборите во август 2020 година.
Претседателот на Нова српска демократија и еден од лидерите на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ денеска изјави дека постои начелен договор новата Влада на Црна Гора да биде формирана пред 20 јануари, кога ќе бидат распишани претседателските избори.
Следете не, не има насекаде