ноември 23, 2024

Неповторливиот Пеп Гвардиола приреди вистинско шоу во еден момент од мечот меѓу Лидс и Манчестер Сити, а на крајот мораше да се извини за својот потег.

Гвардиола би можел да биде задоволен од играта на неговиот тим на незгодното гостување во Јоркшир. Сити доминираше во текот на 90-те минути и победи со 3:1.

Сепак, на крајот од натпреварот шпанскиот стручњак не беше толку задоволен. Во еден момент исшутира шише со вода што му било на патот.

Но, кога виде што направи, беше предоцна. Шишето „летна“ во правец на клупата на Лидс и се чини дека удрило некого.

pic.twitter.com/JJBeA9vATA

— EuroFoot (@eurofootcom) December 28, 2022

Кога го виде тоа, Гвардиола веднаш се фати за глава и истрча кон клупата на ривалите за да се извини.

Овој симпатичен потег стана вирален на социјалните мрежи и ретко кој ќе го обвини, бидејќи не е склон кон големи скандали и неспортски потези.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK